сноп

Именка, машки род

Значење на сноп:

1. Голем куп, множество од врзани ожнеани житни стебла со класје или врзани стебла, прачки од други растенија. Пченични снопови. Снопје јачмен. Снопје трска.

2. (прен.) Збир од повеќе еднородни предмети врзани заедно или поврзани во една целина, врзоп. Сноп банкноти. Сноп хартија.

3. (прен.) Севкупност, збир од нешто, силно пројавување на нешто (зраци, искри и сл.) од едно место. Сноп светлина. Сноп зраци.

Множина: снопа, снопје, снопови.

Алтернативно: снопја

Изведени зборови:

  • снопче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Падне како сноп ‒ падне наеднаш, се струполи.

Оригинални податоци:

сноп, мн. снопови, избр. мн. снопа, зб. мн. снопје и снопја м. 1. Голем куп, множество од врзани ожнеани житни стебла со класје или врзани стебла, прачки од други растенија. Пченични снопови. Снопје јачмен. Снопје трска. 2. (прен.) Збир од повеќе еднородни предмети врзани заедно или поврзани во една целина, врзоп. Сноп банкноти. Сноп хартија. 3. (прен.) Севкупност, збир од нешто, силно пројавување на нешто (зраци, искри и сл.) од едно место. Сноп светлина. Сноп зраци. ◊ Падне како сноп ‒ падне наеднаш, се струполи. ‖ снопче, мн. снопчиња ср. дем.