снове
Значење на снове:
1. Приготвува основа за ткаење. Старицата сновеше на мотовило.
2. (прен.) Оди, чекори во разни правци, шета горе‒долу, постојано. Сновеше низ куќи. Сновеа по селските мегдани. Наоколу сновеа потери.
Конјугација: сноваа , сновав , сновал , снован, сноват , сновеа , сновев , сновел , сновен , сновете , снови .
Изведени зборови:
- се ~ снове, Се движи, се шета горе‒долу, постојано. И дење и ноќе војниците се сновеа по селото.
- сновење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
снове, сноват; снови, сновете; сновев, сновеа; сновел; сновен; сновав, сноваа; сновал; снован несв. 1. Приготвува основа за ткаење. Старицата сновеше на мотовило. 2. (прен.) Оди, чекори во разни правци, шета горе‒долу, постојано. Сновеше низ куќи. Сновеа по селските мегдани. Наоколу сновеа потери. ● се ~ Се движи, се шета горе‒долу, постојано. И дење и ноќе војниците се сновеа по селото. ‖ глаг. им. сновење ср.