со

Предлог

Значење на со:

1. Значење на средство, орудие, инструмент и сл. со кој се врши некое дејство. Сече дрва со пила. Го истепа детето со прачка. Јаде со прсти. Патува со воз.

2. Заедница: а) Придружник, соработник, соучесник, соговорник и сл. при вршење на некое дејство. Зборува со синот. Се шета со пријателите. Работи со мене. Се расправа со соседот. б) Обединетост на две појави, состојби и сл. Дожд со силен ветер. Дожд со град. Магла со снег. в) Врска, контакт. Козјачките села слабо се поврзани со градот. Уште како млад се поврзал со анархистите.

3. Квалитативни значења: а) Признак, особина на некого или нешто. Девојка со крупни очи. Човек со современи сфаќања. Жена со проблематично однесување. б) Признак во однос на поседување, снабденост и сл. Кутија со повеќе прегради. Пегла со термостат. Куче со педигрее. Куќа со двор. в) Содржина, застапеност на нешто, додаток. Пита со спанаќ. Супа со тестенини. Грав со колбаси. г) Признак во однос на облекување, покриеност и сл. Секогаш носи кошула со долги ракави. Птица со шарена пердуви.

4. Количествени значења: а) Големо количество, обилност, многу долго време и сл. Со коли ги носевме рибите дома. Тогаш со тони се извезуваше мастиката. Не сме се виделе со години. Чека одговор со месеци. б) Разлика во количеството, при споредувањето и сл. Нема пензија со стаж под 15 години. Го надвишил татка си со цели 20 сантиметри. Со неговите 220 сантиметри височина е џин меѓу ракометарите.

5. Предмет на дејност. Се занимава со наука. Се занимава со увоз.

6. Подносител, трпител на дејство. Се мајтапеше со противникот. Што ќе правиме со стариот мебел? Нешто се случува со него.

7. Прилошки значења: а) Начинско. Слушаше со внимание. Зборува со тивок глас. Се буди со главоболка. Ни одговори со иронија. б) Временско. Со доаѓањето на пролетта селаните се раздвижија по нивите. Да си одиме дома со ден. Со време да се прибереш дома. Со падот на Берлинскиот ѕид започна обединувањето на Германија. в) Условно. Со молчење ништо не правиш. Со постојано инсистирање можеби ќе успеете. г) Целно. Влезе со намера да го прекине состанокот. Ни се обрати со молба за помош. д) Просторно ‒ непосредна близина, граничност. Седеа свртени грб со грб. Го уапсиле на границата со Албанија. Дворовите се разделени со жива ограда.

8. Име на дејства во конструкции со фазни глаголи: Продолжете со читањето. Нека престане веднаш со физичка активност.

9. Констатација, став за нечија состојба или за нешто. Многу е слаб со успехот во второрто полугодие. Пушти го, денеска не е со сите. Не е добар со здравјето.

10. За означување размена, замена. Морам да го заменам трисобниот стан со двособен. Одлуката за отповикување се заменува со последна опомена. 1Споредба. Последното издание споредено со претходните, е многу поквалитетно. 12. Со повеќе значенски нијанси во неколку затврдени предлошки изрази. Со оглед на; во врска со; во согласност со; сообразно со; со исклучок на; со помош на. 13. Поздрав, желба. Седи ми со здравје. Со најубави желби.

Фразеолошки израз / поговорка:

Со лопати да ги ринеш ‒ (ирон.) премногу, во голем број.

Оригинални податоци:

со предл. 1. Значење на средство, орудие, инструмент и сл. со кој се врши некое дејство. Сече дрва со пила. Го истепа детето со прачка. Јаде со прсти. Патува со воз. 2. Заедница: а) Придружник, соработник, соучесник, соговорник и сл. при вршење на некое дејство. Зборува со синот. Се шета со пријателите. Работи со мене. Се расправа со соседот. б) Обединетост на две појави, состојби и сл. Дожд со силен ветер. Дожд со град. Магла со снег. в) Врска, контакт. Козјачките села слабо се поврзани со градот. Уште како млад се поврзал со анархистите. 3. Квалитативни значења: а) Признак, особина на некого или нешто. Девојка со крупни очи. Човек со современи сфаќања. Жена со проблематично однесување. б) Признак во однос на поседување, снабденост и сл. Кутија со повеќе прегради. Пегла со термостат. Куче со педигрее. Куќа со двор. в) Содржина, застапеност на нешто, додаток. Пита со спанаќ. Супа со тестенини. Грав со колбаси. г) Признак во однос на облекување, покриеност и сл. Секогаш носи кошула со долги ракави. Птица со шарена пердуви. 4. Количествени значења: а) Големо количество, обилност, многу долго време и сл. Со коли ги носевме рибите дома. Тогаш со тони се извезуваше мастиката. Не сме се виделе со години. Чека одговор со месеци. б) Разлика во количеството, при споредувањето и сл. Нема пензија со стаж под 15 години. Го надвишил татка си со цели 20 сантиметри. Со неговите 220 сантиметри височина е џин меѓу ракометарите. 5. Предмет на дејност. Се занимава со наука. Се занимава со увоз. 6. Подносител, трпител на дејство. Се мајтапеше со противникот. Што ќе правиме со стариот мебел? Нешто се случува со него. 7. Прилошки значења: а) Начинско. Слушаше со внимание. Зборува со тивок глас. Се буди со главоболка. Ни одговори со иронија. б) Временско. Со доаѓањето на пролетта селаните се раздвижија по нивите. Да си одиме дома со ден. Со време да се прибереш дома. Со падот на Берлинскиот ѕид започна обединувањето на Германија. в) Условно. Со молчење ништо не правиш. Со постојано инсистирање можеби ќе успеете. г) Целно. Влезе со намера да го прекине состанокот. Ни се обрати со молба за помош. д) Просторно ‒ непосредна близина, граничност. Седеа свртени грб со грб. Го уапсиле на границата со Албанија. Дворовите се разделени со жива ограда. 8. Име на дејства во конструкции со фазни глаголи: Продолжете со читањето. Нека престане веднаш со физичка активност. 9. Констатација, став за нечија состојба или за нешто. Многу е слаб со успехот во второрто полугодие. Пушти го, денеска не е со сите. Не е добар со здравјето. 10. За означување размена, замена. Морам да го заменам трисобниот стан со двособен. Одлуката за отповикување се заменува со последна опомена. 11. Споредба. Последното издание споредено со претходните, е многу поквалитетно. 12. Со повеќе значенски нијанси во неколку затврдени предлошки изрази. Со оглед на; во врска со; во согласност со; сообразно со; со исклучок на; со помош на. 13. Поздрав, желба. Седи ми со здравје. Со најубави желби. ◊ Со лопати да ги ринеш ‒ (ирон.) премногу, во голем број.