соавтор

Именка, машки род

Книжевен збор.

Значење на соавтор:

Лице што заедно, во соработка, содејство со друг се јавува како автор на нешто; коавтор. Тие се јавуваат како соавтори на неколку учебници.

Множина: соавтори.

Изведени зборови:

  • соавторски, прид. соавторскиот

Оригинални податоци:

соавтор, мн. соавтори м. (книж.) Лице што заедно, во соработка, содејство со друг се јавува како автор на нешто; коавтор. Тие се јавуваат како соавтори на неколку учебници. ‖ соавторски, соавторскиот прид.