собере
Значење на собере:
1. а) За предмети ‒ прибере, стави заедно, на едно место, во определен ред. Собери ги шајките во кутијата. Ги собра книгите од кои учеше. Ги собра расфрланите играчки на децата. б) Прибере наменски, за хуманитарни цели. Со последната акција, тие собраа стара облека за децата без родители. Селаните собраа храна и облека за партизаните.
2. За плодови, цвеќиња и сл. ‒ скине, набере во некое количество. Тие собраа многу билки по планината. Ги собрав сите расцветани трендафили од градината.
3. а) За парични средства ‒ добие, прибере од различни места. Тие собраа пари и купија нова куќа. Газдата ја собра киријата од сите студенти. Децата ги собраа ситните пари што ги фрли кумот. б) (прен., разг.) Украде, земе пари од некого. Во текот на ноќта, влегле крадци во станот и му ги собрале парите на сопственикот.
4. За крв ‒ добие, прибере по пат на доброволно дарување. Во еднодневната акција, Црвениот крст собра 70 шишенца крв.
5. а) Повика, свика на едно место луѓе. За роденденот ги собрал сите свои пријатели. Војската го собра народот на плоштадот. Таа ги собра новинарите за да им даде изјава. б) Прибере на едно место животни. Вечерта овчарот го собрал стадото во трлото. Тој ги собра селските говеда и ги однесе на пасење.
6. Привлече, придобие на своја страна. Со својата весела природа, тој ги собра сите околу себе. Со своите приказни, старецот ги собра сите деца од маалото.
7. Збере на едно место. Тој ги собра сите статии во една книга и ги објави. Го собрав целиот текст на една страница.
8. Стане причина за некаков собир, средба на поголем број луѓе. Несреќата ги собра сите роднини. Смртта на татко им ги собра по толку години.
9. (мат.) Прибави еден број кон друг. Собери го бројот три со сите парни броеви од првата десетка.
10. Направи, состави збирка, колекција од нешто; запише народно творештво. Нашите преродбеници од 19 век собрале многу народни умотворби. Татко ми имаше собрано преку илјада значки. 1За дел од човечкото тело ‒ соедини, состави, приближи еден до друг; свие, прибере. Се налути и ги собра веѓите. Девојката ја собра косата со шноли. Ги собра рацете во џебовите. 12. Добие, прибере определени податоци од разни лица, извори; дознае со распрашување. Собрав доволно материјал за обработка. Адвокатот собра малку податоци и затоа не ја подготви одбраната. Новинарот ги собра сите информации за утрешниот прилог. 13. (прен.) Напрегне сили, мисли и др. и доведе до определено дејство. Ги собра последните сили и стана. Си ги собрав мислите и го кажав мојот став. 14. (само во 3. л.) Земе, прими. Собава ќе собере десетина души. Торбата е голема и ќе ја собере сета облека. Книгите не ги собра на полицата.
Конјугација: (ќе) собереа , (ќе) соберев , (ќе) соберел , соберат , соберен, соберете , собери , собраа , собрав , собрал , собран .
Изведени зборови:
- се ~ собере, 1. Се збраа на едно место. Луѓето се собраа околу удрениот автомобил. Работниците се собраа на плоштадот за да штрајкуваат. Точно навреме се собраа сите гости. 2. Надојде, дотече определено количество вода или друга течност. Сета вода од планината се собра во таа мала рекичка. Дождовницата се собра во сите длапки и направи големи вирови. 3. Се збрчка, се згрчи. Стариот се собрал од студ. Таа се собра од болка. Му се собра устата од лимонот. Од лутина му се собраа веѓите. 4. Се намали по обем, по размер. Новото фустанче се собра при перењето. 5. (прен.) Се натрупа, се пројави во голем обем. Оваа недела ми се собра многу работа. Сите испити ми се собраа во една недела.
- (се) собира, глаг. несв. (се) собираат
- собирање, глаг. им. ср. собирање, PLUR_собирања Вечерни собирања. Редовни собирања.
Оригинални податоци:
собере, соберат; собери, соберете; собрав, собраа; собрал; собран; (ќе) соберев, (ќе) собереа; (ќе) соберел; соберен св. 1. а) За предмети ‒ прибере, стави заедно, на едно место, во определен ред. Собери ги шајките во кутијата. Ги собра книгите од кои учеше. Ги собра расфрланите играчки на децата. б) Прибере наменски, за хуманитарни цели. Со последната акција, тие собраа стара облека за децата без родители. Селаните собраа храна и облека за партизаните. 2. За плодови, цвеќиња и сл. ‒ скине, набере во некое количество. Тие собраа многу билки по планината. Ги собрав сите расцветани трендафили од градината. 3. а) За парични средства ‒ добие, прибере од различни места. Тие собраа пари и купија нова куќа. Газдата ја собра киријата од сите студенти. Децата ги собраа ситните пари што ги фрли кумот. б) (прен., разг.) Украде, земе пари од некого. Во текот на ноќта, влегле крадци во станот и му ги собрале парите на сопственикот. 4. За крв ‒ добие, прибере по пат на доброволно дарување. Во еднодневната акција, Црвениот крст собра 70 шишенца крв. 5. а) Повика, свика на едно место луѓе. За роденденот ги собрал сите свои пријатели. Војската го собра народот на плоштадот. Таа ги собра новинарите за да им даде изјава. б) Прибере на едно место животни. Вечерта овчарот го собрал стадото во трлото. Тој ги собра селските говеда и ги однесе на пасење. 6. Привлече, придобие на своја страна. Со својата весела природа, тој ги собра сите околу себе. Со своите приказни, старецот ги собра сите деца од маалото. 7. Збере на едно место. Тој ги собра сите статии во една книга и ги објави. Го собрав целиот текст на една страница. 8. Стане причина за некаков собир, средба на поголем број луѓе. Несреќата ги собра сите роднини. Смртта на татко им ги собра по толку години. 9. (мат.) Прибави еден број кон друг. Собери го бројот три со сите парни броеви од првата десетка. 10. Направи, состави збирка, колекција од нешто; запише народно творештво. Нашите преродбеници од 19 век собрале многу народни умотворби. Татко ми имаше собрано преку илјада значки. 11. За дел од човечкото тело ‒ соедини, состави, приближи еден до друг; свие, прибере. Се налути и ги собра веѓите. Девојката ја собра косата со шноли. Ги собра рацете во џебовите. 12. Добие, прибере определени податоци од разни лица, извори; дознае со распрашување. Собрав доволно материјал за обработка. Адвокатот собра малку податоци и затоа не ја подготви одбраната. Новинарот ги собра сите информации за утрешниот прилог. 13. (прен.) Напрегне сили, мисли и др. и доведе до определено дејство. Ги собра последните сили и стана. Си ги собрав мислите и го кажав мојот став. 14. (само во 3. л.) Земе, прими. Собава ќе собере десетина души. Торбата е голема и ќе ја собере сета облека. Книгите не ги собра на полицата. ● се ~ 1. Се збраа на едно место. Луѓето се собраа околу удрениот автомобил. Работниците се собраа на плоштадот за да штрајкуваат. Точно навреме се собраа сите гости. 2. Надојде, дотече определено количество вода или друга течност. Сета вода од планината се собра во таа мала рекичка. Дождовницата се собра во сите длапки и направи големи вирови. 3. Се збрчка, се згрчи. Стариот се собрал од студ. Таа се собра од болка. Му се собра устата од лимонот. Од лутина му се собраа веѓите. 4. Се намали по обем, по размер. Новото фустанче се собра при перењето. 5. (прен.) Се натрупа, се пројави во голем обем. Оваа недела ми се собра многу работа. Сите испити ми се собраа во една недела. ‖ (се) собира, (се) собираат несв. ‖ глаг. им. собирање, мн. собирања ср. Вечерни собирања. Редовни собирања.