собори
Значење на собори:
1. Со удар направи нешто да падне, турне, бутне. Ги собори книгите од полицата. Ја собори вазната од масата. Го собори дрвото.
2. а) Бутне, кутне на земја при борење, при тепачка. Му ја стави раката на рамото и го собори на земја. Момчето ги собори и двајцата противници. б) Бутне, кутне на земја при спортски натпревар. Голманот го собори противничкиот играч пред својот гол. Судијата досуди пенал откако беше соборен еден од напаѓачите.
3. (разг.) Бутне, падне некого на испит. Професорот ме собори на испитот. Комисијата за полагање возачки испит ги собори сите кандидати.
4. Умртви, усмрти некого со истрел. Ловецот пукајќи во мечката ја собори. Пукаше во крадецот, но не успеа да го собори.
5. (прен., разг.) За болест, сон и сл. ‒ овладее некого. Ме собори сонот. Болеста го собори во постела.
6. (прен.) Одземе, урне власт. Народот го собори претседателот. Војската ги собори сите генерали.
7. (прен.) Надмине, совлада нешто. Денешните жени го соборија митот за женственоста. Општеството денес ги собори сите табуа.
Конјугација: соборат.
Изведени зборови:
- соборува, глаг. несв. соборуваат
- соборување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ги собори очите ‒ наведне, скрие поглед.
Оригинални податоци:
собори, соборат св. 1. Со удар направи нешто да падне, турне, бутне. Ги собори книгите од полицата. Ја собори вазната од масата. Го собори дрвото. 2. а) Бутне, кутне на земја при борење, при тепачка. Му ја стави раката на рамото и го собори на земја. Момчето ги собори и двајцата противници. б) Бутне, кутне на земја при спортски натпревар. Голманот го собори противничкиот играч пред својот гол. Судијата досуди пенал откако беше соборен еден од напаѓачите. 3. (разг.) Бутне, падне некого на испит. Професорот ме собори на испитот. Комисијата за полагање возачки испит ги собори сите кандидати. 4. Умртви, усмрти некого со истрел. Ловецот пукајќи во мечката ја собори. Пукаше во крадецот, но не успеа да го собори. 5. (прен., разг.) За болест, сон и сл. ‒ овладее некого. Ме собори сонот. Болеста го собори во постела. 6. (прен.) Одземе, урне власт. Народот го собори претседателот. Војската ги собори сите генерали. 7. (прен.) Надмине, совлада нешто. Денешните жени го соборија митот за женственоста. Општеството денес ги собори сите табуа. ◊ Ги собори очите ‒ наведне, скрие поглед. ‖ соборува, соборуваат несв. ‖ глаг. им. соборување ср.