собрание

Именка, среден род

Значење на собрание:

1. а) Општо заседание на членови на некоја организација, колектив за разгледување на определени прашања. Годишно собрание. Вонредно собрание. б) Учесниците на такво заседание. Собранието ја осуди неговата постапка.

2. Назив на некои изборни установи. Законодавно собрание. Уставотворно собрание.

3. Највисок изборен законодавен орган на државната власт; парламент. Собрание на Република Северна Македонија.

4. Назив на некои органи на државната управа. Градско собрание.

Множина: собранија.

Изведени зборови:

  • собраниски, прид. собранискиот

Оригинални податоци:

собрание, мн. собранија ср. 1. а) Општо заседание на членови на некоја организација, колектив за разгледување на определени прашања. Годишно собрание. Вонредно собрание. б) Учесниците на такво заседание. Собранието ја осуди неговата постапка. 2. Назив на некои изборни установи. Законодавно собрание. Уставотворно собрание. 3. Највисок изборен законодавен орган на државната власт; сп. парламент. Собрание на Република Северна Македонија. 4. Назив на некои органи на државната управа. Градско собрание. ‖ собраниски, собранискиот прид.