социјален
Значење на социјален:
1. Што се однесува на животот на народот во општеството; општествен. Социјален статус. Социјална политика. Социјално осигурување. Социјални закони.
2. Што има чувства за заедницата, за туѓата мака и неволја, што ги одразува тие чувства. Социјални мотиви во поезијата. Социјална литература.
Членувана форма: социјалниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Социјална помош ‒ материјална поддршка определена од државата за лица и семејства што не се во можност да обезбедат егзистенција. Социјален случај ‒ в. случај.
Оригинални податоци:
социјален, социјалниот прид. 1. Што се однесува на животот на народот во општеството; општествен. Социјален статус. Социјална политика. Социјално осигурување. Социјални закони. 2. Што има чувства за заедницата, за туѓата мака и неволја, што ги одразува тие чувства. Социјални мотиви во поезијата. Социјална литература. ◊ Социјална помош ‒ материјална поддршка определена од државата за лица и семејства што не се во можност да обезбедат егзистенција. Социјален случај ‒ в. случај.