соедини
Значење на соедини:
1. Сврзе, поврзе повеќе работи. Детето ги соедини коцките. Тој ги соедини цевките.
2. Поврзе повеќе локации. Ги соединија езерцата со канал. Општината ги соедини селата со асфалтен пат.
3. Обедини, здружи, зближи. Ги соединивме силите за заеднички настап. Стројник ги соедини нив двајцата. Пријателството ги соедини пред многу години.
4. (хем.) Смеша, доведе во заемно хемиско дејство. Ги соедини боите. Соедини водород со кислород.
Конјугација: соединат.
Изведени зборови:
- се ~ соедини, 1. Се сврзе, се слее едно со друго. Двете реки се соединија во една. 2. Се поврзе, се обедини, се здружи. Двете партии се соединија и направија коалиција. Малите држави се соединија и формираа една голема држава. 3. (хем.) Стапи во хемиска реакција. Кислородот се соедини со водородот.
- (се) соединува, глаг. несв. (се) соединуваат
- соединување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
соедини, соединат св. 1. Сврзе, поврзе повеќе работи. Детето ги соедини коцките. Тој ги соедини цевките. 2. Поврзе повеќе локации. Ги соединија езерцата со канал. Општината ги соедини селата со асфалтен пат. 3. Обедини, здружи, зближи. Ги соединивме силите за заеднички настап. Стројник ги соедини нив двајцата. Пријателството ги соедини пред многу години. 4. (хем.) Смеша, доведе во заемно хемиско дејство. Ги соедини боите. Соедини водород со кислород. ● се ~ 1. Се сврзе, се слее едно со друго. Двете реки се соединија во една. 2. Се поврзе, се обедини, се здружи. Двете партии се соединија и направија коалиција. Малите држави се соединија и формираа една голема држава. 3. (хем.) Стапи во хемиска реакција. Кислородот се соедини со водородот. ‖ (се) соединува, (се) соединуваат несв. ‖ глаг. им. соединување ср.