софра

Именка, женски род

Разговорен збор, израз.

Значење на софра:

1. Дрвена, ниска, тркалезна маса што служи обично за поставување јадење, храна; трпеза. Полна софра. На Бадник фамилијата се собираше околу софрата.

2. (прен.) Јадење, храна. Богата софра. Не чини да се лутиш на софра.

Множина: софри.

Изведени зборови:

  • софричка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

софра, мн. софри ж. (разг.) 1. Дрвена, ниска, тркалезна маса што служи обично за поставување јадење, храна; трпеза. Полна софра. На Бадник фамилијата се собираше околу софрата. 2. (прен.) Јадење, храна. Богата софра. Не чини да се лутиш на софра. ‖ софричка, мн. софрички ж. дем.