согласен 1

Придавка

Значење на согласен:

1. Што има исто мислење, сфаќање со некој друг, што се согласува со некој или со нешто. Сите сме согласни со неговиот предлог.

2. Што е хармоничен, усогласен. Согласни движења. Согласни бои.

3. Што се одликува со сложност, согласност. Согласен живот. Согласни браќа.

Членувана форма: согласниот.

Оригинални податоци:

согласен1, согласниот прид. 1. Што има исто мислење, сфаќање со некој друг, што се согласува со некој или со нешто. Сите сме согласни со неговиот предлог. 2. Што е хармоничен, усогласен. Согласни движења. Согласни бои. 3. Што се одликува со сложност, согласност. Согласен живот. Согласни браќа. || согласно прил. Согласно предвидена процедура.