согласка

Именка, женски род

Лингвистика.

Значење на согласка:

1. Глас што се образува со триење или со запирање на воздушната струја при нејзиното минување низ усната празнина, со намалена звучност, и што се изговара и прави слог со помош на самогласка; консонант. Звучни и безвучни согласки.

2. Буква со која се бележи таков глас.

Множина: согласки.

Изведени зборови:

  • согласнички, прид. согласничкиот

Оригинални податоци:

согласка, мн. согласки ж. (лингв.) 1. Глас што се образува со триење или со запирање на воздушната струја при нејзиното минување низ усната празнина, со намалена звучност, и што се изговара и прави слог со помош на самогласка; консонант. Звучни и безвучни согласки. 2. Буква со која се бележи таков глас. ‖ согласнички, согласничкиот прид.