согласност

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на согласност:

1. Потврден одговор, одобрување. Ја наведе главата во знак на согласност. Чекаше согласност од другите.

2. Заемен, меѓусебен договор, спогодба. Заемна согласност. Постигнаа заедничка согласност за спорните прашања.

3. Едномисленост, разбирање, другарство. Живееја во согласност. Во колективот владее целосна согласност.

4. Соодветност, сразмерност, хармонија. Согласност на ставовите. Согласност на движењата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во согласност со ‒ според однапред предвидени, пропишани правила.

Оригинални податоци:

согласност (само едн.) ж. 1. Потврден одговор, одобрување. Ја наведе главата во знак на согласност. Чекаше согласност од другите. 2. Заемен, меѓусебен договор, спогодба. Заемна согласност. Постигнаа заедничка согласност за спорните прашања. 3. Едномисленост, разбирање, другарство. Живееја во согласност. Во колективот владее целосна согласност. 4. Соодветност, сразмерност, хармонија. Согласност на ставовите. Согласност на движењата. ◊ Во согласност со ‒ според однапред предвидени, пропишани правила.