соголи
Значење на соголи:
1. Симне облека од некого или од дел од телото. Ги соголи нозете. Го соголи детето да го измие.
2. (прен.) Лиши од лисја. Сланата ги соголи дрвјата. Ветрот ја соголи липата.
3. Отстрани слој што покрива нешто. Ја соголи раната. Ја соголи кората на стеблото.
4. (прен.) Одземе некому имот, пари, ограби. Давачките го соголија народот. Арамиите ги соголиле на пат кон дома.
Коњугација: соголат.
Изведени зборови:
- се ~ соголи, 1. Стане гол, симне облека од некој дел на телото. Нејќеше да се соголи пред нив. Се соголија и загазија во водата. 2. (прен.) Се лиши од лисја. Се соголија гранките на дуњата.
- (се) соголува, глаг. несв. (се) соголуваат
- соголување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
соголи, соголат св. 1. Симне облека од некого или од дел од телото. Ги соголи нозете. Го соголи детето да го измие. 2. (прен.) Лиши од лисја. Сланата ги соголи дрвјата. Ветрот ја соголи липата. 3. Отстрани слој што покрива нешто. Ја соголи раната. Ја соголи кората на стеблото. 4. (прен.) Одземе некому имот, пари, ограби. Давачките го соголија народот. Арамиите ги соголиле на пат кон дома. ●се ~ 1. Стане гол, симне облека од некој дел на телото. Нејќеше да се соголи пред нив. Се соголија и загазија во водата. 2. (прен.) Се лиши од лисја. Се соголија гранките на дуњата. ‖ (се) соголува, (се) соголуваат несв. ‖ глаг. им. соголување ср.