сојуз
Значење на сојуз:
1. Здружување, спогодба на одделни лица, групи или поголем број луѓе за заедничка соработка во нешто, во некоја дејност. Сојуз на металските работници.
2. Обединување на повеќе организации од иста струка, дејност и сл. Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература на РМ. Фудбалски сојуз. Сојуз на синдикатите.
3. а) Обединување држави (членки) во државна заедница која се јавува во меѓународните односи како еден единствен субјект на меѓународното право; федерација. Сојуз на Советските Социјалистички Републики. б) Здружување на држави со определена цел. Воен сојуз.
Множина: сојузи.
Оригинални податоци:
сојуз, мн. сојузи м. 1. Здружување, спогодба на одделни лица, групи или поголем број луѓе за заедничка соработка во нешто, во некоја дејност. Сојуз на металските работници. 2. Обединување на повеќе организации од иста струка, дејност и сл. Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература на РМ. Фудбалски сојуз. Сојуз на синдикатите. 3. а) Обединување држави (членки) во државна заедница која се јавува во меѓународните односи како еден единствен субјект на меѓународното право; федерација. Сојуз на Советските Социјалистички Републики. б) Здружување на држави со определена цел. Воен сојуз.