сокак

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на сокак:

Тесна улица. Стар сокак. Сокаци со калдрма. Скита по сокаци.

Множина: сокаци.

Изведени зборови:

  • сокаче, и. ср. сокачиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ќор-сокак – 1. слепа улица, улица без излез; 2. безизлез, тешка ситуација од која нема излез.

Оригинални податоци:

сокак, мн. сокаци м. (разг.) Тесна улица. Стар сокак. Сокаци со калдрма. Скита по сокаци. ◊ Ќор-сокак – 1. слепа улица, улица без излез; 2. безизлез, тешка ситуација од која нема излез. ‖ сокаче, сокачиња ср. дем.