сокапе

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на сокапе:

1. Скрши, искрши нешто. Уште нова, колата ја сокапал.

2. (прен.) Истепа некого, нанесе повреда, рана некому. Двајца непознати сокапаа едно момче.

Конјугација: (ќе) сокапеа , (ќе) сокапев , (ќе) сокапел, сокапаа , сокапав , сокапал , сокапан , сокапат , сокапете , сокапи .

Изведени зборови:

  • се ~ сокапе, Се повреди, си нанесе повреда. Паднал и целиот се сокапал.
  • (се) сокапува, глаг. повт. (се) сокапуваат
  • сокапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сокапе, сокапат; сокапи, сокапете; сокапав, сокапаа; сокапал; сокапан; (ќе) сокапев, (ќе) сокапеа; (ќе) сокапел св. (разг.) 1. Скрши, искрши нешто. Уште нова, колата ја сокапал. 2. (прен.) Истепа некого, нанесе повреда, рана некому. Двајца непознати сокапаа едно момче. ● се ~ Се повреди, си нанесе повреда. Паднал и целиот се сокапал. ‖ (се) сокапува, (се) сокапуваат повт. ‖ глаг. им. сокапување ср.