сол 1

Именка, женски род

Значење на сол:

1. (само едн.) Кршлив и растоплив минерал со специфичен вкус што се користи како зачин или за конзервирање; натриумов хлорид. Готварска сол. Морска сол. Камена сол.

2. (хем.) Соединение на киселина со метал.

Множина: соли.

Членувана форма: солта.

Изведени зборови:

  • солца, и. ж. (само едн.) дем и хип. кон зн. 1.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мирислива сол – кристално соединение што се користи во козметиката, медицината и др. Го направи сол – (разг.) смачка, претепа некого. Направи сол (разг.) – скрши нешто на парчиња. Му трие/толчи сол на глава – постојано прекорува некој некого за нешто. Леб и сол – основен прехранбен производ. Од/за инает една вреќа сол ќе изеде – многу се инаети, тера инает.

Оригинални податоци:

сол1, солта, мн. соли ж. 1. (само едн.) Кршлив и растоплив минерал со специфичен вкус што се користи како зачин или за конзервирање; натриумов хлорид. Готварска сол. Морска сол. Камена сол. 2. (хем.) Соединение на киселина со метал. ◊ Мирислива сол – кристално соединение што се користи во козметиката, медицината и др. Го направи сол – (разг.) смачка, претепа некого. Направи сол (разг.) – скрши нешто на парчиња. Му трие/толчи сол на глава – постојано прекорува некој некого за нешто. Леб и сол – основен прехранбен производ. Од/за инает една вреќа сол ќе изеде – многу се инаети, тера инает. ‖ солца (само едн.) ж. дем и хип. кон зн. 1.