соли

Глагол, несвршен

Значење на соли:

1. Додава, сипе сол во храна, посипува со сол нешто. Тој многу ја соли супата.

2. Приготвува со сол, со раствор од сол. Рибите ги соли и ги остава да отстојат до пржење.

3. (прен.) Посипува со нешто ситно, нешто во форма на прав. Ситно снеже соли. Домаќинката солеше брашно по кората и сучеше.

Коњугација: солат , солеа , солев , солејќи , солел , солен , солење , солете , соли , солив , солија , солил.

Изведени зборови:

  • солење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Соли ум/памет – поучува, дава некому непотребни совети, се прави многу паметен.

Оригинални податоци:

соли, солат; соли, солете; солев, солеа; солел; солен; солејќи; солење; солив, солија; солил несв. 1. Додава, сипе сол во храна, посипува со сол нешто. Тој многу ја соли супата. 2. Приготвува со сол, со раствор од сол. Рибите ги соли и ги остава да отстојат до пржење. 3. (прен.) Посипува со нешто ситно, нешто во форма на прав. Ситно снеже соли. Домаќинката солеше брашно по кората и сучеше. ◊ Соли ум/памет – поучува, дава некому непотребни совети, се прави многу паметен. ‖ глаг. им. солење ср.