солидарен
Значење на солидарен:
1. Што покажува разбирање за заемна поддршка, што е израз на такво разбирање. Солидарна помош. Солидарна постапка. Солидарна поддршка.
2. Што искажува согласност, што се придружува кон мислењето на друг; согласен, единствен, еднодушен. Сите беа солидарни со него. Солидарен колектив.
3. Што дели одговорност со друг, заемно одговорен; општ, заеднички. Солидарна одговорност. Солидарна борба. Солидарна обврска.
Членувана форма: солидарниот.
Изведени зборови:
- солидарно, прил. Многу држави солидарно помогнаа на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Оригинални податоци:
солидарен, солидарниот прид. 1. Што покажува разбирање за заемна поддршка, што е израз на такво разбирање. Солидарна помош. Солидарна постапка. Солидарна поддршка. 2. Што искажува согласност, што се придружува кон мислењето на друг; согласен, единствен, еднодушен. Сите беа солидарни со него. Солидарен колектив. 3. Што дели одговорност со друг, заемно одговорен; општ, заеднички. Солидарна одговорност. Солидарна борба. Солидарна обврска. ‖ солидарно прил. Многу држави солидарно помогнаа на настраданите во катастрофалниот земјотрес.