солидаризира се

Глагол, свршен и несвршен

Значење на солидаризира се:

1. Изјави, изјавува солидарност со некого, со нешто. Тој се солидаризирал со соседите заднички да го уредат паркчето пред зградата.

2. Се согласи, се согласува со некого по некое прашање. Тој се солидаризирал со другарите за да не го прогласат за предавник.

Коњугација: се солидаризираат , солидаризирајќи се.

Изведени зборови:

  • солидаризирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

солидаризира се, се солидаризираат; солидаризирајќи се св. и несв. 1. Изјави, изјавува солидарност со некого, со нешто. Тој се солидаризирал со соседите заднички да го уредат паркчето пред зградата. 2. Се согласи, се согласува со некого по некое прашање. Тој се солидаризирал со другарите за да не го прогласат за предавник. ‖ глаг. им. солидаризирање ср.