солза
Значење на солза:
Капка безбојна, чиста и солена течност што ја лачат очните жлезди. Врела солза. Капна солза. Крупни солзи. Солзи в очи.Множина: солзи.
Изведени зборови:
- солзица, и. ж. мн. солзици ; солзичка, мн. солзички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Момина солза – (бот.) сп. момин. Чист/бистар како солза – 1. за течност – многу чиста/бистра. 2. за човек – што има висок морал. Крвави/горчливи солзи (лее/рони) – (има) голема мака, несреќа, душевна болка. Крокодилски солзи – лицемерни солзи. Лее/рони солзи – плаче. Му, (ми, ти...) навреа солзи – се расплака. Се удави во солзи/ Зборува низ солзи – изразува жал, тага. Нема солзи за плачење/остане без солзи – преживеал многу несреќи и голема тага.
Оригинални податоци:
солза, мн. солзи ж. Капка безбојна, чиста и солена течност што ја лачат очните жлезди. Врела солза. Капна солза. Крупни солзи. Солзи в очи. ◊ Момина солза – (бот.) сп. момин. Чист/бистар како солза – 1. за течност – многу чиста/бистра. 2. за човек – што има висок морал. Крвави/горчливи солзи (лее/рони) – (има) голема мака, несреќа, душевна болка. Крокодилски солзи – лицемерни солзи. Лее/рони солзи – плаче. Му, (ми, ти...) навреа солзи – се расплака. Се удави во солзи/ Зборува низ солзи – изразува жал, тага. Нема солзи за плачење/остане без солзи – преживеал многу несреќи и голема тага. ‖ солзица, мн. солзици ж.; солзичка, мн. солзички ж. дем.