сомеле
Значење на сомеле:
1. а) Со мелење претвори во брашно или направи нешто брашнесто. Треба да сомеле жито. Сомлев кафе. Сомели шеќер за колачите! б) Со мелење направи нешто на ситни парчиња. Месарот ќе го сомеле месото.
2. (прен., разг.) Смачка, здроби; затре. Му ги сомлеа ребрата од ќотек. Во сообраќајната несреќа камионот ги сомлел патниците. Семејството ќе им го сомеле.
3. За желудник ‒ преработи храна. Желудникот тешко ќе ја сомеле оваа храна.
4. (прен., разг.) Сфати, разбере, усвои. Детето тешко ќе ги сомеле неговите зборови.
Коњугација: (ќе) сомелеа , (ќе) сомелев , (ќе) сомелел , сомелат , сомелен, сомелете , сомели , сомлеа , сомлев , сомлел , сомлен .
Изведени зборови:
- сомелува, глаг. несв. сомелуваат
- сомелување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сомеле, сомелат; сомели, сомелете; сомлев, сомлеа; сомлел; сомлен; (ќе) сомелев, (ќе) сомелеа; (ќе) сомелел; сомелен св. 1. а) Со мелење претвори во брашно или направи нешто брашнесто. Треба да сомеле жито. Сомлев кафе. Сомели шеќер за колачите! б) Со мелење направи нешто на ситни парчиња. Месарот ќе го сомеле месото. 2. (прен., разг.) Смачка, здроби; затре. Му ги сомлеа ребрата од ќотек. Во сообраќајната несреќа камионот ги сомлел патниците. Семејството ќе им го сомеле. 3. За желудник ‒ преработи храна. Желудникот тешко ќе ја сомеле оваа храна. 4. (прен., разг.) Сфати, разбере, усвои. Детето тешко ќе ги сомеле неговите зборови. ‖ сомелува, сомелуваат несв. ‖ глаг. им. сомелување ср.