сомневање

Именка, среден род

Значење на сомневање:

1. Глаголска именка од сомнева. Сомневање во успехот.

2. Неувереност во вистинитоста на нешто, недоверба. Тој призна и исчезнаа сомневањата дека тој не е вистинскиот убиец. Сомневање еден во друг. Сомневање без основа. Го ислуша со сомневање.

3. Допуштање, претпоставка, дилема. Му навираше сомневањето дека старецот е сè уште жив. Сомневање во автентичноста на тие стихови.

4. Состојба на душевна недоверба, колебање, двоумење. Тајно сомневање. Мачни сомневања. Тоа што го труеше беше стравот, сомневањата.

Множина: сомневања.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема сомневање ‒ без сомнение, несомнено, сигурно, секако.

Оригинални податоци:

сомневање, мн. сомневања ср. 1. Глаг. им. од сомнева. Сомневање во успехот. 2. Неувереност во вистинитоста на нешто, недоверба. Тој призна и исчезнаа сомневањата дека тој не е вистинскиот убиец. Сомневање еден во друг. Сомневање без основа. Го ислуша со сомневање. 3. Допуштање, претпоставка, дилема. Му навираше сомневањето дека старецот е сè уште жив. Сомневање во автентичноста на тие стихови. 4. Состојба на душевна недоверба, колебање, двоумење. Тајно сомневање. Мачни сомневања. Тоа што го труеше беше стравот, сомневањата. ◊ Нема сомневање ‒ без сомнение, несомнено, сигурно, секако.