сомнителен
Значење на сомнителен:
1. Што предизвикува сомневање во вистинитоста. Сомнителен став. Сомнителни податоци.
2. Што може да се протолкува различно, што не е точно определено, што не е јасно. Сомнителен впечаток. Сомнителна делба меѓу браќата. Сомнителни намери.
3. Што се сомнева во некого или во нешто; недоверлив. Повлечен и сомнителен туѓинец. Сомнително пријателство.
4. Што предизвикува сомневање во квалитетот, состојбата и сл. на нешто. Сомнителна храна од конзерва. Сомнителна боја.
Членувана форма: сомнителниот.
Изведени зборови:
- сомнително, прил. Со сомневање, со недоверба; недоверливо. Сомнително гледаше во дојденецот. ◊ Му стана сомнително ‒ се посомнева.
- сомнителност, и. ж.
Оригинални податоци:
сомнителен, сомнителниот прид. 1. Што предизвикува сомневање во вистинитоста. Сомнителен став. Сомнителни податоци. 2. Што може да се протолкува различно, што не е точно определено, што не е јасно. Сомнителен впечаток. Сомнителна делба меѓу браќата. Сомнителни намери. 3. Што се сомнева во некого или во нешто; недоверлив. Повлечен и сомнителен туѓинец. Сомнително пријателство. 4. Што предизвикува сомневање во квалитетот, состојбата и сл. на нешто. Сомнителна храна од конзерва. Сомнителна боја. ‖ сомнително прил. Со сомневање, со недоверба; недоверливо. Сомнително гледаше во дојденецот. ◊ Му стана сомнително ‒ се посомнева. ‖ сомнителност ж.