сон 1

Именка, машки род

Значење на сон:

1. (само едн.) Периодична физиолошка состојба на мирување на телото при која настапува делумно или целосно отсуство на свесна дејност и на работа на скелетните мускули; спиење. Немирен сон. Ноќи без сон. Од сон се буди. Зборува во сонот.

2. Несвесна душевна состојба при спиење, тоа што ќе се сони; спиење. Лош сон. Убави соништа. Морничави сништа.

3. (прен.) Мечта, илузија. Неостварен сон. Дамнешен сон. Сон за слобода.

Множина: соништа.

Алтернативно: сништа

Изведени зборови:

  • сонче, и. ср. (само едн.) дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во длабок сон е ‒ 1. спие тврдо. 2. (прен.) не се освестува за некаква ситуација, не презема акција да се подобри нешто. Во прв сон е ‒ штотуку заспа. Во зимски сон е ‒ не мисли за ништо, не работи ништо. Умира за сон ‒ многу ми се спие. Нема сон ‒ не спие од грижи. Му доаѓа/дојде на сон ‒ сонува. Сон не го (ме, те...) фаќа ‒ 1. не може да заспие. 2. многу е загрижен за нешто, има многу проблеми.

Оригинални податоци:

сон1, мн. соништа и сништа м. 1. (само едн.) Периодична физиолошка состојба на мирување на телото при која настапува делумно или целосно отсуство на свесна дејност и на работа на скелетните мускули; спиење. Немирен сон. Ноќи без сон. Од сон се буди. Зборува во сонот. 2. Несвесна душевна состојба при спиење, тоа што ќе се сони; спиење. Лош сон. Убави соништа. Морничави сништа. 3. (прен.) Мечта, илузија. Неостварен сон. Дамнешен сон. Сон за слобода. ‖ сонче (само едн.) ср. дем. и хип. ◊ Во длабок сон е ‒ 1. спие тврдо. 2. (прен.) не се освестува за некаква ситуација, не презема акција да се подобри нешто. Во прв сон е ‒ штотуку заспа. Во зимски сон е ‒ не мисли за ништо, не работи ништо. Умира за сон ‒ многу ми се спие. Нема сон ‒ не спие од грижи. Му доаѓа/дојде на сон ‒ сонува. Сон не го (ме, те...) фаќа ‒ 1. не може да заспие. 2. многу е загрижен за нешто, има многу проблеми.