сонцељубив
Значење на сонцељубив:
1. Тој што ја сака топлината на сонцето.
2. (прен., поет.) Тој што ја сака слободата, што се бори за слободата на својот народ; слободољубив. Земја со генерации сонцељубиви луѓе.
Членувана форма: сонцељубивиот.
Изведени зборови:
- сонцељубивост, и. ж.
Оригинални податоци:
сонцељубив, сонцељубивиот прид. 1. Тој што ја сака топлината на сонцето. 2. (прен., поет.) Тој што ја сака слободата, што се бори за слободата на својот народ; слободољубив. Земја со генерации сонцељубиви луѓе. ‖ сонцељубивост ж.