сонува

Глагол, несвршен

Значење на сонува:

1. Виѓава, гледа сон, виѓава, гледа некого или нешто на сон. Ноќва сонував убав сон. Детето сонуваше и плачеше во сонот. Три ноќи сонувала пожар.

2. (прен.) Се препушта на убави соништа, мисли за нешто убаво, недостижно; мечтае, фантазира. Тој сонуваше да патува во далечни, непознати земји. Тој сонуваше да направи куќа со убава градина.

Конјугација: сонуваат.

Изведени зборови:

  • се ~ сонува, безл. сп. сони.
  • сонување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гладна кокошка, просо сонува ‒ кој што посакува, тоа сонува.

Оригинални податоци:

сонува, сонуваат несв. 1. Виѓава, гледа сон, виѓава, гледа некого или нешто на сон. Ноќва сонував убав сон. Детето сонуваше и плачеше во сонот. Три ноќи сонувала пожар. 2. (прен.) Се препушта на убави соништа, мисли за нешто убаво, недостижно; мечтае, фантазира. Тој сонуваше да патува во далечни, непознати земји. Тој сонуваше да направи куќа со убава градина. ● се ~ безл. сп. сони. ◊ Гладна кокошка, просо сонува ‒ кој што посакува, тоа сонува. ‖ глаг. им. сонување ср.