соопшти

Глагол, свршен

Значење на соопшти:

1. Извести некого за нешто со оформен текст. Заводот за статистика ги соопшти новите податоци за невработеноста. Раководителот соопшти дека состанокот се одлага. Дописникот соопштил за најновиот културен настан во градот.

2. Каже некому нешто. Детето пријде и тивко ѝ соопшти нешто на својата мајка. Таткото ја соопшти радосната вест.

Конјугација: соопштат.

Изведени зборови:

  • соопштува, глаг. несв. соопштуваат
  • соопштување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

соопшти, соопштат св. 1. Извести некого за нешто со оформен текст. Заводот за статистика ги соопшти новите податоци за невработеноста. Раководителот соопшти дека состанокот се одлага. Дописникот соопштил за најновиот културен настан во градот. 2. Каже некому нешто. Детето пријде и тивко ѝ соопшти нешто на својата мајка. Таткото ја соопшти радосната вест. ‖ соопштува, соопштуваат несв. ‖ глаг. им. соопштување ср.