сопатник
Значење на сопатник:
1. Тој што патува, оди со некого. Случаен сопатник. Непознат сопатник. Двајцата сопатници го продолжија патот.
2. (прен.) Тој што го минува животниот пат заедно со друг. Животен сопатник. Неразделен сопатник. Брачен сопатник.
3. (прен.) Нешто што се среќава заедно со нешто друго. Литературата е постојан сопатник во неговиот живот. Веќе три години стравот е сопатник на неговото живеење.
4. Небесно тело што се движи околу планета.
Множина: сопатници.
Изведени зборови:
- сопатничка, и. ж.
- сопатнички, прид. сопатничкиот
Оригинални податоци:
сопатник, мн. сопатници м. 1. Тој што патува, оди со некого. Случаен сопатник. Непознат сопатник. Двајцата сопатници го продолжија патот. 2. (прен.) Тој што го минува животниот пат заедно со друг. Животен сопатник. Неразделен сопатник. Брачен сопатник. 3. (прен.) Нешто што се среќава заедно со нешто друго. Литературата е постојан сопатник во неговиот живот. Веќе три години стравот е сопатник на неговото живеење. 4. Небесно тело што се движи околу планета. ‖ сопатничка, мн. сопатнички ж. ‖ сопатнички, сопатничкиот прид.