соперник
Книжевен збор.
Значење на соперник:
1. Тој што соперничи со некого во достигнувањето на некоја цел; ривал, конкурент. Политички соперник. Љубовен соперник.
2. (прен.) Тој што има исти квалитети со некој друг. Само во него таа гледаше достоен соперник и соговорник. Нему му пречеше предизвикувачкиот кикот на неговиот соперник. Тој нема соперник, нема кој да се мери со него.
Множина: соперници.
Изведени зборови:
- соперничка, и. ж. сопернички
Оригинални податоци:
соперник, мн. соперници м. (книж.) 1. Тој што соперничи со некого во достигнувањето на некоја цел; ривал, конкурент. Политички соперник. Љубовен соперник. 2. (прен.) Тој што има исти квалитети со некој друг. Само во него таа гледаше достоен соперник и соговорник. Нему му пречеше предизвикувачкиот кикот на неговиот соперник. Тој нема соперник, нема кој да се мери со него. ‖ соперничка, сопернички ж.