сопне
Значење на сопне:
1. Подметне некому нога при одење, стави сопка некому; препне. Другар му ја испружи ногата и тој се сопна.
2. За коњ, магаре, маска и сл. ‒ ограничи движење со врзување на предните нозе со јаже. Го сопна магарето пред куќата.
Конјугација: (ќе) сопнеа , (ќе) сопнев , (ќе) сопнел, сопнаа , сопнав , сопнал , сопнат , сопнат , сопнете , сопни .
Изведени зборови:
- се ~ сопне, Се препне на некоја пречка при одењето. Детето се сопна на еден камен и падна во вода. Таа се сопна на прагот и шишето падна на подот.
- (се) сопнува, глаг. повт. (се) сопнуваат
- сопнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сопне, сопнат; сопни, сопнете; сопнав, сопнаа; сопнал; сопнат; (ќе) сопнев, (ќе) сопнеа; (ќе) сопнел св. 1. Подметне некому нога при одење, стави сопка некому; препне. Другар му ја испружи ногата и тој се сопна. 2. За коњ, магаре, маска и сл. ‒ ограничи движење со врзување на предните нозе со јаже. Го сопна магарето пред куќата. ● се ~ Се препне на некоја пречка при одењето. Детето се сопна на еден камен и падна во вода. Таа се сопна на прагот и шишето падна на подот. ‖ (се) сопнува, (се) сопнуваат повт. ‖ глаг. им. сопнување ср.