сопре
Значење на сопре:
1. Запре, спречи некаков, процес, развој. Пожарникарите ја сопреа огнената стихија. Светската економска криза го сопре и економскиот развој на нашата земја.
2. Запре, спречи нешто да се движи. Возачот го сопре возилото.
3. Запре, спречи некакво дејство. Дуваше во пепелот некое време и сопре. Одеднаш сопре вревата во сокакот. Ноќта сопре борбата. Тие не сопреа да зборуваат. Се измачуваше да го сопре липањето.
4. Запре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место. Двајцата сопреа пред големата врата. Полицаецот го сопрел пешакот.
Коњугација: сопрат , сопреа , сопрев , сопрел , сопрен, сопрете , сопри .
Изведени зборови:
- (се) сопира, глаг. несв. (се) сопираат
- се ~ сопре, 1. Престане да се движи; застане. Се сопре на полпат. 2. Престане да прави нешто, прекине некое дејство. Мајката остро го прекори детето и тоа се сопре.
- сопирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сопре, сопрат; сопри, сопрете; сопрев, сопреа; сопрел; сопрен св. 1. Запре, спречи некаков, процес, развој. Пожарникарите ја сопреа огнената стихија. Светската економска криза го сопре и економскиот развој на нашата земја. 2. Запре, спречи нешто да се движи. Возачот го сопре возилото. 3. Запре, спречи некакво дејство. Дуваше во пепелот некое време и сопре. Одеднаш сопре вревата во сокакот. Ноќта сопре борбата. Тие не сопреа да зборуваат. Се измачуваше да го сопре липањето. 4. Запре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место. Двајцата сопреа пред големата врата. Полицаецот го сопрел пешакот. ●се ~ 1. Престане да се движи; застане. Се сопре на полпат. 2. Престане да прави нешто, прекине некое дејство. Мајката остро го прекори детето и тоа се сопре. ‖ (се) сопира, (се) сопираат несв. ‖ глаг. им. сопирање ср.