сопствен
Значење на сопствен:
1. Што се јавува како сопственост на некого. Сопствен имот. Сопствена куќа. Сопствени пари.
2. Што е својствен, карактеристичен само за некого. Сопствен живот. Сопствен идентитет. Сопствена волја. Сопствено мислење. Сопствени напори.
3. Што природно припаѓа некому. Сопствен портрет. Се плашеше од сопсттвената сенка. Сопствени деца. Сакаше да го види тестаментот со сопствени очи.
4. Што е својствен, карактеристичен само за определено лице, животно, предмет и не се поврзува со друго. Сопствена историја. Сопствена личност. Уметникот имаше сопствена техника. Сопствено незнаење. Сопствена тежина.
Членувана форма: сопствениот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сопствена именка ‒ (грам.) именка што се јавува како име, назив (од еден или неколку збора) на посебно именувана единка (лице, живо суштество, објект, народ, држава, географски поим и др.).
Оригинални податоци:
сопствен, сопствениот прид. 1. Што се јавува како сопственост на некого. Сопствен имот. Сопствена куќа. Сопствени пари. 2. Што е својствен, карактеристичен само за некого. Сопствен живот. Сопствен идентитет. Сопствена волја. Сопствено мислење. Сопствени напори. 3. Што природно припаѓа некому. Сопствен портрет. Се плашеше од сопсттвената сенка. Сопствени деца. Сакаше да го види тестаментот со сопствени очи. 4. Што е својствен, карактеристичен само за определено лице, животно, предмет и не се поврзува со друго. Сопствена историја. Сопствена личност. Уметникот имаше сопствена техника. Сопствено незнаење. Сопствена тежина. ◊ Сопствена именка ‒ (грам.) именка што се јавува како име, назив (од еден или неколку збора) на посебно именувана единка (лице, живо суштество, објект, народ, држава, географски поим и др.).