соработник
Значење на соработник:
1. Тој што соработува, што работи заедно со некого. Близок соработник. Трговски соработници.
2. Тој што учествува во подготвувањето на некое издание, во работата врз научен проект и сл. Некогашен соработник. Надворешен соработник. Соработници на речник.
Множина: соработници.
Изведени зборови:
- соработничка, и. ж.
- соработнички, прид. соработничкиот
Фразеолошки израз / поговорка:
Научен/стручен соработник ‒ степени во звањата на тие што се занимаваат со научноистражувачка работа.
Оригинални податоци:
соработник, мн. соработници м. Тој што соработува, што работи заедно со некого. Близок соработник. Трговски соработници. 2. Тој што учествува во подготвувањето на некое издание, во работата врз научен проект и сл. Некогашен соработник. Надворешен соработник. Соработници на речник. ‖ соработничка, мн. соработнички ж. ‖ соработнички, соработничкиот прид. ◊ Научен/стручен соработник ‒ степени во звањата на тие што се занимаваат со научноистражувачка работа.