соработува

Глагол, несвршен

Значење на соработува:

1. Работи нешто заедно со некого. Земјата успешно соработуваше со соседните земји. Земјоделците соработуваат со увозни и со извозни фирми.

2. Учествува во подготвувањето на некое издание, во научен проект и сл. Во списанието соработуваат и автори од странство.

Коњугација: соработуваат.

Изведени зборови:

  • соработување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

соработува, соработуваат несв. 1. Работи нешто заедно со некого. Земјата успешно соработуваше со соседните земји. Земјоделците соработуваат со увозни и со извозни фирми. 2. Учествува во подготвувањето на некое издание, во научен проект и сл. Во списанието соработуваат и автори од странство. ‖ глаг. им. соработување ср.