сорта

Именка, женски род

Разговорен збор, израз.

Значење на сорта:

1. а) Вид, подраздел во систематизација на растенија, на некои производи и сл. што се изделува од другите такви по некакви карактеристични својства, обележја. Разни сорти трпезно грозје. Сорта тутун за луле. Јаболка од сортата делишес. б) Вид растенија, производи и сл. добиени со вкрстување, одбирање и сл. заради подобрување на приносот, квалитетот, или задоволување на определени барања. Нови сорти пченица. Сорта пенливо вино. Скапи сорти цигари.

2. (разг., често ирон.) За човек ‒ сој, карактер, особина. Што сорта човек е тој? Ретки се таква сорта мајстори. На панаѓурот ги имаше секаква сорта и продавачи и купувачи. Го знам што сорта е.

Множина: сорти.

Оригинални податоци:

сорта, мн. сорти ж. (разг.) 1. а) Вид, подраздел во систематизација на растенија, на некои производи и сл. што се изделува од другите такви по некакви карактеристични својства, обележја. Разни сорти трпезно грозје. Сорта тутун за луле. Јаболка од сортата делишес. б) Вид растенија, производи и сл. добиени со вкрстување, одбирање и сл. заради подобрување на приносот, квалитетот, или задоволување на определени барања. Нови сорти пченица. Сорта пенливо вино. Скапи сорти цигари. 2. (разг., често ирон.) За човек ‒ сој, карактер, особина. Што сорта човек е тој? Ретки се таква сорта мајстори. На панаѓурот ги имаше секаква сорта и продавачи и купувачи. Го знам што сорта е.