сортира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на сортира:

Раздели, разделува, распредели, распределува по сорти според квалитетот, размерот, формата и сл. Продавачите го сортираат зеленчукот. Овоштарите ги сортираа јаболката според квалитетот и според големината.

Коњугација: сортираат , сортирајќи.

Изведени зборови:

  • сортирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сортира, сортираат; сортирајќи св. и несв. Раздели, разделува, распредели, распределува по сорти според квалитетот, размерот, формата и сл. Продавачите го сортираат зеленчукот. Овоштарите ги сортираа јаболката според квалитетот и според големината. ‖ глаг. им. сортирање ср.