сосипе

Глагол, свршен

Значење на сосипе:

Нанесе голема штета, опустоши, уништи. Поплавите ги сосипаа посевите. Момчињата го сосипаа детето од ќотек. Селското училиште е сосипано.

Конјугација: (ќе) сосипеа , (ќе) сосипев , (ќе) сосипел, сосипаа , сосипав , сосипан , сосипат , сосипете , сосипи .

Изведени зборови:

  • се ~ сосипе, Се истроши, се исцрпи, се измори. Тој безделничи, а татко му се сосипа од работа. Коњите се сосипаа од стрмните каменливи ридови.
  • (се) сосипува, глаг. несв. (се) сосипуваат
  • сосипување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сосипе, сосипат; сосипи, сосипете; сосипав, сосипаа; сосипан; (ќе) сосипев, (ќе) сосипеа; (ќе) сосипел св. Нанесе голема штета, опустоши, уништи. Поплавите ги сосипаа посевите. Момчињата го сосипаа детето од ќотек. Селското училиште е сосипано. ●се ~ Се истроши, се исцрпи, се измори. Тој безделничи, а татко му се сосипа од работа. Коњите се сосипаа од стрмните каменливи ридови. ‖ (се) сосипува, (се) сосипуваат несв. ‖ глаг. им. сосипување ср.