сосредоточи

Глагол, свршен

Значење на сосредоточи:

1. Насочи, концентрира, собере на едно место. Сите сили ги сосредоточи во совладување на тешкотиите.

2. Се вдлабочи, се внесе во нешто.

Конјугација: сосредоточат.

Изведени зборови:

  • се ~ сосредоточи, Се концентрира, се прибере, си ги среди мислите. Се сосредоточи над работата.
  • (се) сосредоточува, глаг. несв. (се) сосредоточуваат
  • сосредоточување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сосредоточи, сосредоточат св. 1. Насочи, концентрира, собере на едно место. Сите сили ги сосредоточи во совладување на тешкотиите. 2. Се вдлабочи, се внесе во нешто. ● се ~ Се концентрира, се прибере, си ги среди мислите. Се сосредоточи над работата. ‖ (се) сосредоточува, (се) сосредоточуваат несв. ‖ глаг. им. сосредоточување ср.