состанок

Именка, машки род

Значење на состанок:

1. Собир, средба, заседание на членови на некоја организација, колектив и сл. заради разгледување и донесување одлуки. Партиски состанок. Претседателот го отвори состанокот и го предложи дневниот ред. Тој постојано беше на состаноци, на конференции.

2. Договорена средба на две или повеќе лица. Девојката се врати доцна од вечерниот состанок со момчето. Тој договорил состанок со другарите. На состанокот не дојде најблиската пријателка.

Множина: состаноци.

Оригинални податоци:

состанок, мн. состаноци м. 1. Собир, средба, заседание на членови на некоја организација, колектив и сл. заради разгледување и донесување одлуки. Партиски состанок. Претседателот го отвори состанокот и го предложи дневниот ред. Тој постојано беше на состаноци, на конференции. 2. Договорена средба на две или повеќе лица. Девојката се врати доцна од вечерниот состанок со момчето. Тој договорил состанок со другарите. На состанокот не дојде најблиската пријателка.