состав

Именка, машки род

Значење на состав:

1. Целокупност од делови што образуваат некоја сложена целина. Речнички состав на македонскиот јазик. Минерален состав. Состав на филот.

2. Луѓето од кои се состои еден колектив, група и сл. Етнички состав на населението. Инструментален состав. Состав на процесијата.

3. Лица што припаѓаат на одредена категорија. Армиски состав. Комисиски состав. Состав на штабот.

4. Работа, дело. Писмен состав. Прозен состав. Стихувани состави.

5. (само едн.) Место каде што се спојуваат, составуваат две нешта. Попушти составот на ногавиците.

6. Место каде што се составуваат две реки. На составот на реката Бошавица со Вардар имаа бавча.

Множина: состави.

Оригинални податоци:

состав, мн. состави м. 1. Целокупност од делови што образуваат некоја сложена целина. Речнички состав на македонскиот јазик. Минерален состав. Состав на филот. 2. Луѓето од кои се состои еден колектив, група и сл. Етнички состав на населението. Инструментален состав. Состав на процесијата. 3. Лица што припаѓаат на одредена категорија. Армиски состав. Комисиски состав. Состав на штабот. 4. Работа, дело. Писмен состав. Прозен состав. Стихувани состави. 5. (само едн.) Место каде што се спојуваат, составуваат две нешта. Попушти составот на ногавиците. 6. Место каде што се составуваат две реки. На составот на реката Бошавица со Вардар имаа бавча.