состави

Глагол, свршен

Значење на состави:

1. а) Соедини, приближи едно до друго, здружи. Ги стисна клепките и ги состави веѓите. Ќе ги рушиме меѓите, ќе ги составиме нивите. Ги составило злото. б) Спои, врзе. Ги состави двата краја од панделката.

2. Образува, формира нешто. Командирот на четата состави извидничка група.

3. Создаде, напише, направи, изработи. Состави граматика. Ќе составиме тестамент. Комисијата состави деловник за работа.

Конјугација: состават.

Изведени зборови:

  • се ~ состави, Се сретне. Животните врвици им се составија.
  • (се) составува, глаг. несв. (се) составуваат
  • составување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Одвај составува/врзува крај со крај ‒ одвај успева да преживее со малку.

Оригинални податоци:

состави, состават св. 1. а) Соедини, приближи едно до друго, здружи. Ги стисна клепките и ги состави веѓите. Ќе ги рушиме меѓите, ќе ги составиме нивите. Ги составило злото. б) Спои, врзе. Ги состави двата краја од панделката. 2. Образува, формира нешто. Командирот на четата состави извидничка група. 3. Создаде, напише, направи, изработи. Состави граматика. Ќе составиме тестамент. Комисијата состави деловник за работа. ●се ~ Се сретне. Животните врвици им се составија. ‖ (се) составува, (се) составуваат несв. ‖ глаг. им. составување ср. ◊ Одвај составува/врзува крај со крај ‒ одвај успева да преживее со малку.