сотре
Значење на сотре:
1. Сосема уништи, истреби. Војската го сотре непријателот.
2. Опустоши, разори, запусти. Арамии го сотреле селото. Крупен град ги сотре лозјата.
Конјугација: сотрат , сотреа , сотрев , сотрел , сотрен, сотрете , сотри .
Изведени зборови:
- (се) сотира, (се) сотираат
- се ~ сотре, Се запусти, се пропасти, се уништи. Сојот им се сотре.
- сотирање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Коренот/семето да им се сотре! ‒ клетва.
Оригинални податоци:
сотре, сотрат; сотри, сотрете; сотрев, сотреа; сотрел; сотрен св. 1. Сосема уништи, истреби. Војската го сотре непријателот. 2. Опустоши, разори, запусти. Арамии го сотреле селото. Крупен град ги сотре лозјата. ● се ~ Се запусти, се пропасти, се уништи. Сојот им се сотре. ◊ Коренот/семето да им се сотре! ‒ клетва. ‖ (се) сотира, (се) сотираат ‖ глаг. им. сотирање ср.