совест

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на совест:

Чувство за морална одговорност за сопствените постапки. Човек без совест. Работеше според својата совест.

Фразеолошки израз / поговорка:

Има мирна (чиста) совест ‒ знае дека не погрешил, дека постапил правилно. Ме (те, го...) гризе, мачи, пече совеста ‒ чувствува жалење, се прекорува поради нешто што го направил. Ме (те, го...) има на совест ‒ е причина за нечија несреќа.

Оригинални податоци:

совест (само едн.) ж. Чувство за морална одговорност за сопствените постапки. Човек без совест. Работеше според својата совест. ◊ Има мирна (чиста) совест ‒ знае дека не погрешил, дека постапил правилно. Ме (те, го...) гризе, мачи, пече совеста ‒ чувствува жалење, се прекорува поради нешто што го направил. Ме (те, го...) има на совест ‒ е причина за нечија несреќа.