современ
Значење на современ:
1. Што се однесува на сегашното време, на дадената епоха, сегашен. Современ живот. Современа музика. Современи писатели.
2. Што е во чекор со своето време, модерен. Современа жена. Современа настава.
3. Што е предизвикан од потребите на своето време, актуелен. Современа тема. Современи сфаќања.
4. (ретко) Што е од едно и исто време со некој друг. Марко Крале и современите му херои.
Членувана форма: современиот.
Изведени зборови:
- современо, прил. Живее современо.
- современост, и. ж.
Оригинални податоци:
современ, современиот прид. 1. Што се однесува на сегашното време, на дадената епоха, сегашен. Современ живот. Современа музика. Современи писатели. 2. Што е во чекор со своето време, модерен. Современа жена. Современа настава. 3. Што е предизвикан од потребите на своето време, актуелен. Современа тема. Современи сфаќања. 4. (ретко) Што е од едно и исто време со некој друг. Марко Крале и современите му херои. ‖ современо прил. Живее современо. ‖ современост ж.