создаде
Значење на создаде:
1. а) Изработи, направи нешто што го немало порано. Тој го создаде својот дуќан скоро од ништо, а сега е газда. Тие создадоа капитал. б) Основе, образува, организира. По борбата тие создадоа слободна територија. Противничкиот тим создаде силна одбрана. Двајцата создадоа среќен брачен живот. в) Подготви, осигури нешто. Создаде услови за работа.
2. Изработи дело на уметноста, културата; твори. Тој создаде вредни дела во сликарството. Прличев создаде херојски лик на мајка. Народните умотворби ги создал колективен творец.
3. Направи, предизвика некаква состојба, ситуација и сл., придонесе да се појави нешто. Несправедливата пресуда создаде жестоки реакции. Детето создаде навика да ги гризе ноктите.
4. Изгради, воспостави, оформи (за поими). Тој создаде авторитет. Ние создадовме коректни односи во колективот. Понекогаш ќе создадеш своја претстава за нешто.
Коњугација: (ќе) создадеа , (ќе) создадев , (ќе) создадел , создадат , создаден, создадоа , создадов , создај , создајте , создал .
Изведени зборови:
- (се) создава, глаг. несв. (се) создаваат
- се ~ создаде, 1. Се оформи. По Војната се создаде унифициран литературен јазик. 2. (прен.) Се појави ненадејно. Над патот се создаде огромна карпа. 3. Направи, предизвика, стане причина или повод за некакво дејство, случка и сл. На постојката се создаде метеж. Меѓу нив се создаде недоверба.
- создавање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
создаде, создадат; создај, создајте; создадов, создадоа; создал; (ќе) создадев, (ќе) создадеа; (ќе) создадел; создаден св. 1. а) Изработи, направи нешто што го немало порано. Тој го создаде својот дуќан скоро од ништо, а сега е газда. Тие создадоа капитал. б) Основе, образува, организира. По борбата тие создадоа слободна територија. Противничкиот тим создаде силна одбрана. Двајцата создадоа среќен брачен живот. в) Подготви, осигури нешто. Создаде услови за работа. 2. Изработи дело на уметноста, културата; твори. Тој создаде вредни дела во сликарството. Прличев создаде херојски лик на мајка. Народните умотворби ги создал колективен творец. 3. Направи, предизвика некаква состојба, ситуација и сл., придонесе да се појави нешто. Несправедливата пресуда создаде жестоки реакции. Детето создаде навика да ги гризе ноктите. 4. Изгради, воспостави, оформи (за поими). Тој создаде авторитет. Ние создадовме коректни односи во колективот. Понекогаш ќе создадеш своја претстава за нешто. ● се ~ 1. Се оформи. По Војната се создаде унифициран литературен јазик. 2. (прен.) Се појави ненадејно. Над патот се создаде огромна карпа. 3. Направи, предизвика, стане причина или повод за некакво дејство, случка и сл. На постојката се создаде метеж. Меѓу нив се создаде недоверба. ‖ (се) создава, (се) создаваат несв. ‖ глаг. им. создавање ср.