сознание
Значење на сознание:
1. Добиена претстава, знаење за нешто, за некој предмет, разјаснување на некој проблем со непосредно набљудување или посредно, со помош на друг. Тоа сознание го исполни со горчина. Сопствени сознанија. Научни сознанија.
2. Способност на човекот да мисли, да расудува, да чувствува; свест. Изгуби сознание. Општествено сознание.
3. спознание.
Множина: сознанија.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дојде/доаѓа до сознание – сознае/сознава.
Оригинални податоци:
сознание, мн. сознанија ср. 1. Добиена претстава, знаење за нешто, за некој предмет, разјаснување на некој проблем со непосредно набљудување или посредно, со помош на друг. Тоа сознание го исполни со горчина. Сопствени сознанија. Научни сознанија. 2. Способност на човекот да мисли, да расудува, да чувствува; свест. Изгуби сознание. Општествено сознание. 3. в. спознание. ◊ Дојде/доаѓа до сознание – сознае/сознава.