созрее

Глагол, свршен

Значење на созрее:

1. а) Стане зрел, узрее. Пченицата созреа. Раните праски веќе созреаја. б) За некои производи – стаса за употреба, добие вкус. Кашкавалот созреа.

2. (прен.) За човек – достигне целосен умствен и физички развиток. Тој беше полнолетен, но не беше созреан.

3. (прен.) За мисла, план и сл. – се дооформи. Во него созреваше мислата професионално да се преориентира. Созреаја условите за реализирање на планот.

Конјугација: (ќе) созреев , (ќе) созрееја , (ќе) созреел., созреав , созреаја , созреал , созреан , созреат , созреј , созрејте .

Изведени зборови:

  • созрева, глаг. несв. созреваат
  • созревање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

созрее, созреат; созреј, созрејте; созреав, созреаја; созреал; созреан; (ќе) созреев, (ќе) созрееја; (ќе) созреел. св. 1. а) Стане зрел, узрее. Пченицата созреа. Раните праски веќе созреаја. б) За некои производи – стаса за употреба, добие вкус. Кашкавалот созреа. 2. (прен.) За човек – достигне целосен умствен и физички развиток. Тој беше полнолетен, но не беше созреан. 3. (прен.) За мисла, план и сл. – се дооформи. Во него созреваше мислата професионално да се преориентира. Созреаја условите за реализирање на планот. ‖ созрева, созреваат несв. ‖ глаг. им. созревање ср.