спаси

Глагол, свршен

Значење на спаси:

Избави, ослободи некого од нешто (опасност, беда, несреќа и сл.), заштити некого од нешто непријатно. Лекарот му го спаси животот на пациентот. Спасувачката екипа ги спасила завеаните алпинисти. Селаните го спасија добитокот од огнот.

Конјугација: спасат.

Изведени зборови:

  • се ~ спаси, Се избави, се ослободи од лошо, од зло. Децата се спасиле од насилникот. Тие заминаа в село и се спасија од градскиот метеж. Народот се спаси од ропство.
  • (се) спасува, глаг. несв. (се) спасуваат
  • спасување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Спаси глава ‒ избегне смрт, остане жив и здрав. Спаси кожа ‒ избегне непријатна ситуација. Се спаси за влакно ‒ едвај се спаси.

Оригинални податоци:

спаси, спасат св. Избави, ослободи некого од нешто (опасност, беда, несреќа и сл.), заштити некого од нешто непријатно. Лекарот му го спаси животот на пациентот. Спасувачката екипа ги спасила завеаните алпинисти. Селаните го спасија добитокот од огнот. ● се ~ Се избави, се ослободи од лошо, од зло. Децата се спасиле од насилникот. Тие заминаа в село и се спасија од градскиот метеж. Народот се спаси од ропство. ◊ Спаси глава ‒ избегне смрт, остане жив и здрав. Спаси кожа ‒ избегне непријатна ситуација. Се спаси за влакно ‒ едвај се спаси. ‖ (се) спасува, (се) спасуваат несв. ‖ глаг. им. спасување ср.